Во Европа, бројот на производителите на пиво се зголемил од 3.600 во 2010 година на 7.500 во 2017 година. Притоа, вкупното европско производство на пиво во 2017 година изнесувало 38 милијарди литри, а потрошувачката изнесувала 355 милијарди литри. Од даночните давачки со кои се оптоварува пивото во Европа биле собрани приходи од 40 милијарди евра.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2020 22:13

Колку литри пиво годишно се пие во Македонија?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пивото е алкохолен пијалак кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е дестилиранпосле ферментацијата. Производството на пиво и некои други алкохолни пијалаци често се нарекува превривање.

Историски, пивото е познато од Античките Египќани и Месопотанци, и датира од пред 4000 год. п.н.е., но овие пива биле апсолутно поинакви од денешните Скопско, Даб, Горскоили Хајнекен. Поради тоа што состојките што се користат за производство на пивото се различни од место во место, особините на пивото (типот, вкусот и бојата) многу се разликуваат.

Пивото е алкохолен пијалак кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е дестилиранпосле ферментацијата. Производството на пиво и некои други алкохолни пијалаци често се нарекува превривање.

Состав на пивото

Состојки на пивото се: вода, етанол, јаглерод диоксид и екстракт од слад. Улогата на етанолот зависи од концентрацијата на сувата материја во сладот од која е произведено пивото и степенот на варење.Во зависност од видот на пивото, влијанието на алкохолот може да биде различен т.е. помал од 0,5% кај безалкохолните пива и поголем од 8% кај алкохолни пива. Лагерот на пивото содржи до 0,5% јаглерод диоксид, кој му дава свежина, и има силно влијание во пенливоста. Стабилноста на пената зависи од концентрацијата и хемискиот состав на непреврелиот дел од екстрактот, според тоа пивото со повеќе екстракт повеќе се пени. Колку долго пената ќе стои во чашата зависи од количината и хемискиот состав на екстрактот.

Во Европа, бројот на производителите на пиво се зголемил од 3.600 во 2010 година на 7.500 во 2017 година.

Пожелно е пивото кога се тура во чаша да се пени за оваа густа и цврста пена да се задржи на површината најмалку 3 минути. Меурите на јаглеродниот диоксид кој одат, од дното кон површината на чашата помагаат за одржување на пената. Екстрактот за пиво претежно го прават јаглехидратите и мала количина протеини, аминокиселини, глицерини и составните делови на хмељот. Од составот на екстрактот зависи пивскиот вкус. Хемискиот состав на екстрактот не зависи само од класата на сладот, туку и од начинот на производство на сладот и на самата ферментација. Енергетскавредност на еден литар стандардно пиво одговара на енергетска вредност од еден литар полномасно млеко.

Производство и потрошувачка на пиво

Најголеми потрошувачи на пиво во Европа се Чесите, кои, во 2013 година, во просек, пиеле по 144 литри, годишно, што претставува намалување во споредба со 2003 година, кога просечната потрошувачка во Чешката републикаизнесувала 160 литри, годишно.

Во 2017 година, Чесите повторно биле најголеми потрошувачи на пиво (околу 140 литри по глава на жител), а по нив следувале Полјаците (98 литри), Германците (96 литри), Австријците (95,46 литри) и Литванците (92 литри).

Во Македонија, просечната потрошувачка на пиво во 2017 година изнесувала 28,8 литри, што претставувало намалување во споредба со 2012 година, кога таа изнесувала 32 литри.

Под македонски пива се подразбираат сите индустриски и домашни (занаетчиски) брендови на пива кои се произведуваат и пијат во Македонија.
Некои од македонските пива успешно се извезуваат и на странските пазари.
Прилепска пиварница е основана 1924 година! Тој период се карактеризира со мануелно производство, кое расте од година во година и на почетокот на Втората светска војна достигнува 8.000 хектолитри пиво годишно. Самиот почеток на Втората светска војна ги продлабочува финансиските тешкотии во кои запаѓа пиварницата и таа престанува да работи. Повторното активирање на погоните се случува во 1952 година за наредната, 1953 година, да се инсталира и парен котел за варење на пивото. Со таа технологија и 40 вработени во пиварницата, во 1966 година производството скокна на 42.000 хектолитри пиво годишно.

Историја на пивото во Македонија

Во Македонија пивото е познато од речиси повеќе од еден век, кога тоа се пиело во трговски развиените градови како Солун, Битола, Скопје чии трговци тргувале со големите и познати европски градови, додека историјата и традицијата на производство на пиво во Македонија бележи точно еден век со основањето на пиварниците во Скопје и Прилепво 1924 година.

Историјата и традицијата на македонското пиво почнува кога во погоните на „Парна Пивара“- Скопје излегло првото буре и шише со „скопско“. Тоа е воедно и првото македонско пиво, кое денес е синоним за „најдоброто од Македонија“ и е еден од националните обележја!

Во Европа, бројот на производителите на пиво се зголемил од 3.600 во 2010 година на 7.500 во 2017 година.

Притоа, вкупното европско производство на пиво во 2017 година изнесувало 38 милијарди литри, а потрошувачката изнесувала 355 милијарди литри. Од даночните давачки со кои се оптоварува пивото во Европа биле собрани приходи од 40 милијарди евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...