Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски открива дека за членство во воениот сојуз нема да плаќаме само 700.000 евра чланарина туку и 2 отсто од БДП секоја година

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 13:06

Колку ќе не чини НАТО годишно, шокантна изјава на Пендаровски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, несуден кандидат за претседател на Македонија, соопшти колку годишно ќе ги чини граѓаните на Македонија членството во НАТО.

По првата рунда пристапни преговори за членство во НАТО, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, изјавидека е пресметана стапката на македонскиот придонес во буџетот за НАТО, откако таа ќе стане членка на Алијансата.

Нашата формула е 0,0721 отсто од буџетот на НАТО. Ќе ме прашате колку е тоа. Треба прво да видиме колку е буџетот на НАТО, затоа што зависи од контрибуциите на сите 29 земји членки.

Меѓутоа нашата контрибуција не би требало поголема од 600 илјади – 700 илјади евра годишно. Гледајќи според последните компаративни примери на Црна Гора и Хрватска, кои тука се плус минус слични со нас по големина и со економиите. – изјави Пендаровски.

Но тоа е основицата, има и “скриена” клаузула која ќе не чини многу повеќе од скоро милион евра годишно.

Точната сума се уште не е позната, но не се очекува да биде поразлична од проекциите меѓу 600 и 700 илјади евра и ќе биде позната на крајот на фискалната година. Формулата се базира брз калкулации на Светската Банка поврзани за големината на државата и нејзиното БДП. – објасни Пендаровски.

Што се однесува до македонскиот буџет за одбрана, Македонија преземала обврска до 2025 година да ја зголеми буџетската стапка посветена на одбраната на два отсто. Моментално таа изнесува околу еден отсто.

Ние сме на еден процент БДП. За жал сме биле пред повеќе од десет години на повеќе од два отсто, што е НАТО стандард. Сега сме на околу еден процент. Меѓутоа заложбата на владата е впишана во документ и тоа им го предочивме на луѓето во НАТО и тие беа задоволни бидејќи само пет шест држави го исполнуваат критериумот од два проценти од БДП. – рече националниот коориднатор.

За критиките во јавноста дека Македонија нема потреба да одвојува толкава стапка за одбрана Пендаровски одговара дека и тој „би сакал да не издвојуваме пари воопшто за одбрана или безбедност, меѓутоа тоа не е возможно“.

Македонскиот тим вели дека преговорите се одвиваат брзо и ефикасно и дека тоа се должи на фактот што Македонија е ангажирана во НАТО процесот речиси дваесет години.

Фити да си ја фрли дипломата, НАТО ќе придонесел за голем прилив на странски инвестиции

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести