Малишева напиша дека оваа држава конечно треба да се подели еднаш засекогаш и ги повика Албанците да работат до поделбата за делот на Илирида и нејзино обединување со Албанија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 септември, 2019 14:39

Командант Малишева: “Македонија конечно треба да се подели, албанци работете до поделбата за делот на Илирида”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Командант Малишева од „Кумановската група“ реагираше преку социјалните мрежи откако Апелациониот суд пред два дена ги потврди првостепените затворски казни за настаните во Диво Насеље, од кои некои беа осудени на доживотен затвор, а други на високи затворски казни.

Малишева напиша дека оваа држава конечно треба да се подели еднаш засекогаш и ги повика Албанците да работат до поделбата за делот на Илирида и нејзино обединување со Албанија. Во оваа држава се докажало дека нема правда за Албанците, ниту кога беше Груевски ниту сега кога е Заев, двајцата се исти, вели командант Малишева.

Неговата Фејсбук објава ви ја пренесуваме во продолжение:

„Забелешка: Денеска Апелациониот суд уште еднаш ги потврди нашите казни и уште еднаш оваа држава докажа дека нема правда за нас Албанците, ниту кога беше Груевски ниту сега кога е Заев, двајцата се исти.

Почитуван Албански народе, ние се уште сме сведоци на неправда убивајќи не по втор пат, до ден денес сето тоа било само една политичка игра на лидерите на нашата држава затоа што тие ништо не превзедоа за да воспостават правда!
Оваа држава конечно треба да се подели еднаш засекогаш и ве повикувам сите да работите до поделбата за делот на Илирида и нејзино обединување со Албанија.

Ние за никаква цена нема да прифатиме да се префрлиме во Косово поради неправедно осудената казна и да ги оставиме нашите браќа од Илирида сами.
Уште еднаш победија про-руските сили! Бог да го благослови Албанскиот народ“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести