Талат Џафери алијас Командант Форина нелегитимен во својот избор ќе ја координира кампањата за референдумот за промена на името

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 13:51

Командант Форина на чело на координативното тело за кампањата за референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието на Република Македонија ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30-ти септември и водење на јавна кампања.

Талат Џафери или Командант Форина е поранешен воен дезертер од Армијата на Република Македонија кој за време на војната во 2001-ва година застана на страната на терористичката ОНА при што изведе серија напади во кои загинаа припадници на македонските безбедносни сили. Во 2002 година е избран за пратеник од политичкото крило на ОНА познато како ДУИ и е пратеник до ден денес. Во периодот од 2004 до 2006 година СДСМ го именува за заменик министер за одбрана на Македонија а во 2013 до 2014 година ВМРО – ДПМНЕ го поставува за министер во истиот ресор. Џафери од 1985 до 1991 година бил офицер на ЈНА а од 1992 до 2001 офицер на АРМ по што останал “пензиониран” терорист на ОНА. Моментално е нелегитимен претседател на Собранието на Македонија.

Ова е еден од заклучоците донесени на денешната координативна средба на Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Собранието и претставник на Владата.

Со Координативното тело ќе раководи Џафери а негови членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Собранието ќе им даде можност како што информираат на сите пратеници кои се “зa” – “против” или за “бојкот” на референдумот пропорционално според изјаснувањето да бидат застапени и да можат да ги изразат своите ставови и аргументи пред јавноста.

Собранието исто така денеска со допис ќе се обрати до Владата од каде ќе побара средства за спроведување на јавната кампања за што ќе отвори посебна сметка.

И на денешната координација не присуствуваше претставник на пратеничката група ВМРО – ДПМНЕ. Од кабинетот на Џафери посочуваат дека тој денеска ќе контактира со нив за постигнување можен договор за водење јавна пропаганда за референдумот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.