Собирот започна со едноминутно молчење за жртвите, а упатената порака беше дека градот не е сам во својата жалост, туку дека тагува цела Црна Гора.

Објавил: Мате Парлоф | 14 август, 2022 13:32

Комеморација за жртвите од масакрот во Цетиње

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Комеморацијата за жртвите од трагедијата во која напаѓач уби 10 лица се одржа денеска во владиниот дом во Цетиње, во присуство на семејствата на жртвите, претставници на локалната власт, владата, како и премиерот и претседател на Црна Гора Дритан Абазовиќ и Мило Ѓукановиќ.

Собирот започна со едноминутно молчење за жртвите, а упатената порака беше дека градот не е сам во својата жалост, туку дека тагува цела Црна Гора.

Градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ изјави дека трагедија од невидени размери ги погодила Цетиње и Црна Гора и ги оставила сите во шок, пренесува Радио Телевизија на Црна Гора.

– Од завчера нашиот град е окован во тага и шок, што невини жртви загинаа без никаква вина во бесмислен напад. Ваков ден не се памети, рече Ѓурашковиќ и додаде дека нема зборови за утеха за семејствата.

Потпретседателот на Собранието на Цетиње Мирко Станиќ рече дека Цетиње како никогаш досега е обвиено во тага и дека не е само во својата жалост, туку тагува цела Црна Гора.

Во населбата Медовина во Цетиње, во петокот беа убиени 11 лица, меѓу кои и напаѓачот Вук Бориловиќ, а шестмина се ранети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.