Полицискиот час наместо од 20, да започнува од 21 часот.

Исто така, по три недели, ќе можат да се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите и градините.

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 април, 2021 12:14

Комисијата предлага скратен полициски час за Велигден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/360

По три недели, ќе можат да се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите и градините!

Полицискиот час наместо од 20, да започнува од 21 часот.

Исто така, по три недели, ќе можат да се отворат кафулињата и рестораните, но само терасите и градините.

Ова се предлозите на Комисијата за заразни болести кои ќе се најдат на владина седница утре, кога истекува актуелниот сет рестриктивни мерки.

За делумно олабавување на мерките придонесува намалувањето на бројот на новозаразени и на хоспитализирани во изминатите денови.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 314 случаи со ковид-19, 27 починати и 557 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 16 858, од кои 7 597 се во Скопје.

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1 507 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, од кои 587 пациенти во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.