Навивачката група Комити, на социјалните мрежи, на Денот на независноста на Македонија, го објавија ставот на своето членство за претстојниот референдум за промена на името

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 11:53

Комити повикаа на бојкот на референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Навивачката група Комити преку социјалните мрежи ги повика своите членови на бојкот на референдумот.

“По повод денешниот празник, Денот на независност на Република Македонија,

Оофицијално го искажуваме ставот на целото членство околу референдумот.

БОЈКОТ и ништо друго, со цел да го зачуваме нашето уставно име.

Да си вечна мајко МАКЕДОНИЈО !“ – напишаа Комити на својата официјална фан страна на Facebook.

Навивачката група Комити својот револт од претстојниот референдум за промена на уставното име на Република Македонија и негирање на постоењето на Македонската нација, го имаат изразено низ низа протести и демонстации пред законодавниот дом, но и  за време на спортски натпревари.

Мотото под кое Комити го манифестираат својот став гласи: “Северна никогаш! Македонија секогаш!” 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.