Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме Храброста, а со малку повеќе среќа и Божја волја – Втората Европска Титула !!!

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јуни, 2019 16:49

КОМИТИ ПОВИКУВААТ НА МАКЕДОНСКА ПАРАДА НА ГОРДОСТА!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Без оглед што ќе се случи денес во Келн, Шампионските срца заслужуваат величествен пречек!

Парадата на Гордоста започнува со Пречекот на Аеродромот Александар Велики, каде одиме со автомобили, потоа со Дефиле од илјадници автомобили, мотори, веспи, автобуси, велосипеди, тротинети…заедно со Шампионите се упатуваме кон Плоштадот Македонија на голема заедничка прослава !!!

Ја Повикуваме цела Црвено-Црна Армија и цел Македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме Храброста, Истрајноста, Борбеноста, Непокорот а со малку повеќе среќа и Божја волја – Втората Европска Титула !!!

Оваа Парада на Гордоста воедно е и прослава на нашиот 32 Роденден !!!

Ги повикуваме ЈСП Скопје и приватните превозници да им овозможат на сите оние кои немаат сопствен превоз до Аеродромот, а горат од желба да ги пречекаат јунаците тоа да им го овозможат.

Инфо !!!
Шампионите полетуваат утре, 03.06 од Аеродромот во Диселдорф во 18:50ч. Преку Виена на Аеродромот Александар Македонски слетуваат во 23.55ч.
Значи утре, 03.06 во 23.55ч. СИТЕ НА АЕРОДРОМ !!

СОБИР и Заедничко поаѓање: Сала Јане Сандански 22:00ч. !!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.