Победата на РК Вардар во финалето на Лигата на шампионите на ЕХФ и враќањето дома на ракометарите со втора титула од ова натпреварување е настанот на годината.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 декември, 2019 13:06

Комити потсетија: Европската титула наР.К ВАРДАР ја одбележа годината

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Навивачката група Комити на социјалните мрежи постави видео преку кое ги потсети граѓаните кој настан според нив ја одбележа годината што заминува.

Победата на РК Вардар во финалето на Лигата на шампионите на ЕХФ и враќањето дома на ракометарите со втора титула од ова натпреварување е настанот на годината.

На 2ри јуни годинава Вардар стана новиот европски првак, новиот владетел на Стариот Континент, по победата од 27: 24 (16:11) во финалето на Ф4 во Келн, на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.

Стоилов е капитен на Р.К ВАРДАР кој по втор пат со својот тим ја освојува титулата Европски првак.

Годинава капитенот на Вардар Стојанче Стоилов, беше прогласен за најдобар спортист.

Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје.

За најдобар спортист на Скопје за 2019-та беше прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар.

Ракометарот на Вардар Даинис Криштопанс беше добитник на наградата за најдобар странец кој настапува во екипа од Скопје, а РК Вардар повторно е најдобар клуб во Скопје.

Стојанче Стоилов  настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Кјелце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото,[2] а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...