среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија освоила 327.408 гласови (35,89%) со што освоила 46 мандати, додека коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 315.344 гласа (34,57%) односно 44 мандати.

Објавил: Владо Марин | 25 јули, 2020 17:47

Конечни резултати: СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА-ААА 12, Левица 2 и ДПА 1 мандат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија освоила 327.408 гласови (35,89%) со што освоила 46 мандати, додека коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила  315.344 гласа (34,57%)  односно 44 мандати.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) освоила 104.699 гласа,  (11,48%) односно 15 мандати, додека Алијанса за Албанците и Алтернатива  освоила 80.000 гласови  (8%) односно 12 мандати.

Левица освои 2 мандати, односно 30.426 гласови (4,1%), а Демократската партија на Албанците (ДПА) со 13.930 гласови (1,53%) освои 1 мандат.

За Интегра гласале  12.291 граѓани (1,35%), ГДУ освоиле  3.555 гласови (0,39%), МОРО освоиле 3,245 гласа односно (о,36%), за Глас на Македонија гласале 2,800 (0,31%) од граѓаните, додека за Единствена Македонија гласале 2,600 гласачи (0,29 проценти).

За СДУ освоиле 2.585 гласови, односно (0,28), за Твоја Партија гласале 1.894 граѓани (о,17%) додека за Народната партија на Ромите гласале 1.225 граѓани (0,13%)!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.