Во Шпанија црниот биланс изнесува 849. Експерот на СЗО, Марк Рајан посочува дека земјите треба многу порешително да го нападнат коронавирусот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 март, 2020 15:34

КОНЕЧНО ДОБРИ ВЕСТИ: СЗО објави дека ПАНДЕМИЈАТА оди кон стабилизација во Италија и Шпанија!

Фото/Текст извор: ©алсат

Расте бројот на заболени, починати но и на оздравени луѓе од заразата Ковид 19.

Двете најзагрозени европски земји Италија и Шпанија во изминатото деноноќие регистрираа голем број на починати. Во Шпанија црниот биланс изнесува 849. Експерот на СЗО, Марк Рајан посочува дека земјите треба многу порешително да го нападнат коронавирусот.

„Ние се надеваме дека пандемијата оди кон стабилизација во Италија и Шпанија, но прашањето е како ќе се помине од стабилизација кон редуцирање на случаите со коронавирусот кон нула. За да се намалат броевите се бара двојно залагање на јавното здравство бидејќи вирусот нема да исчезне сам. Тој треба да се нападне и токму на ова треба да се фокусираат земјите во моментот“, наведуваат од СЗО.

САД сепак е новото жариште. Тие се прва земја во светот каде од пандемијата на коронавирус досега се инфицирале 164 илјади лица. И во Русија бројот на заразени лица е загрижувачки.

И кај нашите соседи бројките на луѓе заболени од заразата се зголемуваат. Во Албанија на 243 лица. Заменик-министерката за здравство на Албанија Мира Ракацоли, соопшти дека од коронавирусот починале 13 лица, пишува Алсат.

„Во последните 24 часа се тестирани 145 осомничени лица, од кои се потврдени 20 нови случаи на Ковид-19. До денес 1.671 сомнителни случаи биле тестирани и потврдени позитивни со COVID-19, 243 случаи. Добрата вест е дека во последните 24 часа имаме осум излекувани пациенти со што бројот на излекувани се зголеми на 52 лица“, рече Мира Ракацоли, заменик министер за здравство на Албанија.

Во Србија се инфицирани над 780 лица од кои 16 починаа, а 42 се веќе излекувани. Во Бугарија има 379 заболени, а 8 починати. Во Косово има 108 заболени лица.

И во Русија бројот на заразени лица е загрижувачки.

Во изминатите 24 часа се зголеми за дополнителни 500, што е најголем пораст за еден ден во оваа земја. Денес Кина објави дека имаат еден починат од 48 новозаразени со коронавирус, сите повратници од странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.