Денеска во јавноста излезе веста дека наводно бизнисменот Хари Костов влегува во ракометниот првак и го презема управувањето со РК Вардар, но ова се неофицијални информации до кој дојде порталот Скопје Инфо од извори во клубот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2019 16:09

Конечно е откриено кој ќе биде нов сопственик на РК Вардар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако првиот човек на РК Вардар, Сергеј Самсоненко изјави дека дава оставка, се шпекулираше за новиот сопственик.

Под водство на Самсоненко, РК Вардар стигна до титулата европски шампион во 2017 година, освои 4 титули од регионалната СЕХА лига, додека ЖРК Вардар три пати беше бронзен, а двапати сребрен во големите европски финалиња.

Денеска во јавноста излезе веста дека наводно бизнисменот Хари Костов влегува во ракометниот првак и го презема управувањето со РК Вардар, но ова се неофицијални информации до кој дојде порталот Скопје Инфо од извори во клубот.

Како што објави порталот, блиски нивни извори брифираат дека клубот преговара и со други поголеми спонзори, но речиси е сигурно дека Комерцијална Банка ќе биде главниот спонзор на Вардар и дека работењето со клубот ќе го менаџира успешниот банкар Костов.

Ваквата промена во структурата на македонскиот ракометен првак Вардар, дојде по најавата дека Сергеј Самсоненко се повлекува од клубот и информациите дека најголемиот дел од ракометарите спасот си го бараат во трансфер и потпишување договори со други клубови.

Но само по неколку дена од неговата оставка, беше објавено дека „црвено-црните“ повторно ќе се застанат на нозе од сезоната 2020/21, откако се појави можност да остане и сега веќе поранешниот прв човек на клубот, Самсоненко но со помал удел, но и да се приклучат уште неколку други моќни компани за финансирање на РК Вардар.

Фановите на ракометниот првак со нетрпение ги чекаат последните натпревари на РК Вардар кои ќе се одиграат на крајот на месец мај, како дел од финалето на Лигата на шампионите. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...