Премиерот додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за сè она што претставува трошок во зелениот картон.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 октомври, 2019 10:32

Конечно и кај нас ќе поевтини зелениот картон!?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при патување во странство, најави вчера премиерот Зоран Заев, на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово.

Во поголемиот дел од земјите од регионот неговата цена е околу 10 евра, со тоа што е споен со домашното автоосигурување и се добива при самата регистрација на возилото.

Премиерот додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за сè она што претставува трошок во зелениот картон.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, порача тој.

Инаку сега зелениот картон кој можеда го купат возачите за една година за возила до 66 киловати чини околу 60 евра, а за возила над 66 киловати е 90 евра.

Пред три години односно во 2016 година беше воведен еден новитет односно возачите имаат можност да купат и  едномесечен зелен картон кој за патнички возила до 66 киловати чини 30 евра, додека неговата цена за возилата над 66 киловати е 50 евра.

Според информациите, македонските осигурителни компании годишно издаваат од 100.000 до 130.000 зелени осигурителни картони. Овој документ се издава врз основа на полисата за осигурување од автомобилска одговорност и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји- членки наведени во полисата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...