Но конечно во јавноста излегоа и вистинските причини поради кои на пејачката и беше одземен синот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 16:41

Конечно откриена причината: Еве зошто судот и одзема синот на Северина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По одлуката да и биде одземен синот на хрватската шејчка Северина, јавноста се крена на нозе велејќи дека такватаодлука е неправедна особено поради тоа што седум години Александар живееше со својата мајка, па сега ќе му биде тешко да се прилагоди на животот со неговиот татко Милан на кого му припадна старателството, а Северина да ја гледа само два дена во неделата.

Целиот регион е шокиран од пресудата на судот во Загреб поради тоа штово пракса поголемиот број од децата под дифолт припаѓаат на својата мајкаво случај на развод.

Александар ќе го помине Католички Божиќ заедно со неговата мајка Северина, додека пак православните празници ќе ги помне со својот татко Милан Поповиќ.

Но конечно во јавноста излегоа и вистинските причини поради кои на пејачката и беше одземен синот.

Ова се дел од причините поради кои го изгубила старателството:

– Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа)

– На социјалната работничка и рекла дека е крава.

– Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење

– Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец

– Училиштето поднело пријава за занемарување на детето

– Медиумска изложеност на детето

Иако поголемиот дел од естрадата идаде поддршка на Северина а денеска излезе и веста дека се организираат протести поради одлуката на судот во Загреб, сепак за сега ваквата одлука нема промена.

Северина денеска гозема својот син кој според одлуката може да го гледа секој втор викенд, од сабота наутро до недела навечер, а во текот на неделата детето ќе може да го гледа два пати по пет часа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.