четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Иако може да се забележат и некои во други бои и изданија, сепак речиси 99% од сите патнички авиони се во бела боја.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2019 15:17

Конечно откриена причината поради која авионите се со бела боја

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дали до сега сте забележале дека авионите се со бела боја. Да. Но дали знаете дека има причина за тоа?

Иако може да се забележат и некои во други бои и изданија, сепак речиси 99% од сите патнички авиони се во бела боја.

Како што веќе напоменавме за тоа има повеќе причини.

Бела боја најлесно се воочуваат пукнатините, истекувањето на маслото и останати различни проблеми

Белата боја е најидеална за да се примети доколку има некој дефект на авионот.

На белата основа најдобро се воочуваат пукнатините, истекувањето на маслото и останати различни проблеми кои може да се случат доколку леталото е неисправно, а на тој начин и најбрзо ќе се реши проблемот.

Она што е најважно е дека белата боја најдобро ја одбива светлината и топлината. Така се намалува загревањето на авионот. Покрај тоа, белата е една од боите кои најлесно се забележуваат на небото, во случај на судар или лоши временски услови. Друга причина поради која е бела основата на патничките авиони, е тоа што токму белата е единствената боја која не може да избледи.

Треба да се напомене дека и бојадисување на авионите со бела боја е најекономично. Бојадисувањето на авионот е и долг и прилично скап процес, а поради наведените предности на белата боја, нема ни потреба да се бојадисуваат. Направените истражувања покажале дека обоените авиони потешко се продаваат, па тоа е уште една дополнителна причина зошто авионите се бели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.