Покојниот командант на паравоените сили во емисијата „Минимакс“ емитувана во 1996 година откри како го добил својот надимак.

Објавил: admin@magazin | 17 септември, 2023 11:05

Конечно откриено: Еве како Жељко Ражнатовиќ го добил прекарот Аркан!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веројатно многу пати сте се прашувале зошто Жељко Ражнатовиќ го викале Аркан?

– Кога бев дете, гледавме воен филм – започна да раскажува тој …

Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште. По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес.
Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај.

Покојниот командант на паравоените сили во емисијата „Минимакс“ емитувана во 1996 година откри како го добил својот надимак.

– Кога бев многу млад, гледавме воен филм каде што командуваше Аркоманд. Бидејќи веќе бев командант меѓу тие деца, од Аркоманд ме нарекоа Аркан. Така се појави мојот прекар – рече Жељко во Минимакс.

Во 1972 година со само дваесет години, илегално имигрирал на запад, надевајќи дека ќе се пронајде таму себе си. Во странство се сретнал а и се запознал со многу поранешни југословенски злосторници, кои подоцна ќе бидат убиени или уапсени. Аркан исто така се смета дека е и атентатор во повеќе држави во Европа, како Белгија, Холандија, Шведска, Германија. Бил затворен во Белгија во 1974 година, од каде во 1977 година побегнал. Повторно бил уапсен во Холандија во 1979 и повторно побегнал 1981 година, каде бил ранет во судирот со полицијата. По сите тие криминални дела бил прогласен за десетиот најбаран криминалец во светот во потрага и од Интерпол.

Додека бил млад, Аркан од сите тие валкани ситуации го извлекувал Стане Доланац, словенечки политичар и шеф на тајната полиција и близок пријател на Тито. Како таен агент работил во 1973 година а по задача бил испратен на запад за да врши атентати над терориститем, политичките емигранти и противниците на режимот во Југославија. Поради тоа бил принуден да научи повеќе европски јазици, како англискиот, францускиот и италијанскиот, а ги познавал и шведскиот, германскиот и холандскиот. Во Југославија се вратил 1981 година и продолжил со нелегалните работи. Во ноември 1983 година двајца полицајци му упаднале во куќата се со намера да биде уапсен, но Аркан успеал да се одбране и да ги рани поради кои бил уапсен. Меѓутоа, по два дена по повторната интервенција на Стане Доланац, Аркан бил пуштен од притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.