Во јавноста многу се шпекулираше за тоа кој го потшишува и фарба Боки 13, ексцентричниот шоумен осомничен во случајот „Рекет“, објави Фактор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 септември, 2019 0:41

Конечно откриено кој се грижи за фризурата на Боки- oва е берберот во „Шутка“(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Берберот Саше е единствениот вработен во истражниот затвор во Шуто Оризари кои ги потшишува притворениците, меѓу кои е и Бојан Јовановски.

Берберот Сашо кој ги потшишува затворениците од затворот Шутка

Во јавноста многу се шпекулираше за тоа кој го потшишува и фарба Боки 13, ексцентричниот шоумен осомничен во случајот „Рекет“, објави Фактор.

Како што пренесува Фактор, во 70-тината денови додека Боки 13 се наоѓа во притвор, берберот Саше е единствената опција за стилот на Боки 13, иако наместо скапоплатените фризери, овој пат пред себе го има еден од берберите со најскромна плата во земјата.

Берберот Саше долго време работел без да биде пријавен како вработен во истражниот затвор, иако бил еден од ретките кои во тоа време сакале да работат под тамошните услови и околности, објави Фактор.

Како што вчера објави Независен весник, Катица и Боки во затворот во Шутка имаат на располагање фризер и доктор.

„Адвокатот на притворените може да дојде кога сака и без надзор да има средба со својот клиент. Истото може да го направи и народниот правобранител. Вештаците или невропсихијатрите можат да дојдат само со дозвола од судија на претходна постапка. Истото важи и кога притвореникот сака да потпише полномоштво. Тоа може да го стори исклучиво со дозвола од судијата. Што се однесува до посетите на роднините – и тие одат со претходно барање и вообичаено им се дозволува средба со својот близок на секои две недели. Во затворот во Шутка имаме лекар и бербер, притворениците можат да одат на преглед, односно на потстрижување или други третмани на косата. По барање на адвокатот на притвореникот или по сугестија на докторот во затворот, можно е притвореното лице да оди на лекарски преглед или интервенција на скопските клиники“, објаснуваат извори за Независен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести