Неговото отсуство падна во очи кај јавноста, и на Заев му замерија и од опозициската партија, што одлучил да ги користи своите слободни денови баш во моментот кога претседателот кој тој го поддржуваше целата кампања ќе биде инаугуиран, што е важен државен настан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 мај, 2019 15:45

Конечно се огласи Заев: Еве зошто не дојде на инаугурацијата на Пендаровски и зошто Мицкоски не бил поканет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку дена премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ја извести јавноста дека ќе користи одмор, а поради тоа и не учествуваше на вчерашната инаугурација на новоизбраниот претседател, Стево Пендаровски, по што беше мета на низа коментари.

Неговото отсуство го критикуваше јавноста, а на Заев му замерија и од опозициската партија ВМРО, што одлучил да ги користи своите слободни денови во моментот кога претседателот кој тој го поддржуваше целата кампања ќе биде инаугуиран, што е важен државен настан.

Отсуството на премиерот Заев се толкува како голем пропуст и непочитување кон новоизбраниот претседател, особено што на вчерашната инаугурација присуствуваа претседателите на Србија, Бугарија, Албанија и Косово, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, високи делегации на Турција, Полска и Словенија, пратеници, владини функционери и дипломатски претставници.

Премиерот Заев користи четири дена одмор, во времето кога за се случуваше важен државен настан

По сите гласини и низата негативни коментари се огласи и премиерот Зоран Заев. Тој вели дека единствената причина што не присуствувал на инаугурацијата е тоа што сакал да одмори.

Заев со видео порака снимена на бел ѕид му честиташе на Пендаровски за вчерашниот важен настан, а денеска преку СМС за Телма одговори зошто баш овие четири дена кога се одржуваше еден важен државен настан тој одлучи да замине од земјава.

„Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема“, изјави Заев за „Телма“.

На вчерашната церемонија не присуствуваше ни лидерот на опозициската партија ВМРО, што многумина го оценија за скандал, но ниту противкандидатите на Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река не беа на инаугурацијата.

Од кабинетот на Џафери за Телна изјавиле дека Мицкоски, Силјановска и Река не биле поканети затоа што „Собранието не кани лидери на политички партии кои не се пратеници ниту пак противкандидати кои ги изгубиле изборите“.

Инаку Пендаровски вчера успеа да одржи и први меѓународни средби ги имаше со високи државни делегации од соседните балкански држави кои присуствуваа на свечената седница во Собранието. Тој се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ, на Бугарија Румен Радев, на Албанија Илир Мета и на Косово Хашим Тачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести