Но за Хари и за Меган времето на робување заврши. Меѓу останатите овие осум правила повеќе не мораат да ги почитуваат.

Објавил: Весна Петровска | 29 јануари, 2020 13:45

КОНЕЧНО СЛОБОДНИ! Осум правила кои Хари и Меган не мораат повеќе да ги почитуваат: Имале брутални ограничувања!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Британското кралско семејство има многу правила кои мораат да ги почитуваат сите нејзини членови.

Иако некои делуваат како застарени, нелогични, членовите на кралското семејство би требало да се придржуваат.

Но за Хари и за Меган времето на робување заврши. Меѓу останатите овие осум правила повеќе не мораат да ги почитуваат.

1. Не мора да се држат до Дрес-кодот

Од членовите на кралското семејство се очекува да се облекуваат скромно и никогаш претерано лежарно, но и Меган и Хари сега слободно можат да облечат се што сакаат и која облека им се допаѓа, и можат да се облекуваат неформално за било која прилика. Добредојдовте во светот на тренерките.

2. Не мораат да патуваат со спакувана „црна комбинација“

– Членовите на кралското семејство со себе на секој пар секогаш носат и црна комбинација во случај да има некоја ненајдена смрт каде во тој случај мораат да присуствуваат на погреб. Ова е навистина паметна идеја и многу практична, сепак војводата и војвотката повеќе не мораат да се пакуваат во склоп со тие правила.

3. Дозволено им е да потпишуваат автограми

– Нитуеден член од кралското семејство не би требало да дава автограм или да прават селфи со обожавателие (иако е познато дека некои го имаат прекршено тоа правило). Меѓутоа, сега Хари и Меган се слободни и можат да си купат селфи стап, ако сакаат. И нека се подготват за многу автограми.

4. Не мораат дискретно да стануваат од маса

– Ако член на кралското семејство мора да оди до тоалет за време на јадење, тој тоа не го кажува на сите на масата. Наместо тоа, тој вели само „извинете“ и само се повлекува. Но сега, Меркел ако сака мое и да се раздере за време на јадење и слободно да си каже дека сака да оди во тоалет. Додуша, тоа сигурно нема да го каже… Не е баш пристојно, без разлика дали си дел од кралското семејство или не. Но во секој случај не мораат да бидат толку дискретни како до сега во врска со тоа.

5. Сега можат да си ги прегрнат своите фанови.

– Како и со автограмите и селфито, кралската двојка не смееше да ги гушка и бакнува своите фанови, пред сè и најважно затоа што станува збор за нивна безбедност (иако е очигледно дека Меган повремено го прекршила ова правило). Сега, тие можат да ги прегрнуваат кога и да посакаат.

6. Финансиски независни

Можеби една од најголемите промени во нивните животи е тоа што принцот Хари и неговата сопруга сега можат да бидат финансиски независни. Тие можат да заработат сопствен приход бидејќи нема да добијат финансирање од даночните обврзници од Велика Британија.

7. Сега и со имињата е поопуштено кога нема титула

Парот ќе ја загуби титулата „Ваше Кралско Висоество“. Така да од сега ќе бидат само Хари и Меган.

8. Можат да ги задржат подароците.

– Иако кралското семејство мора да го прифати секој подарок кој го добиле ( дури иако тоа е нешто безвредно), кралицата Елизабета одлучува кој подарок ќе го задржи. Кога станува збор сега за Хари и Меган, ова правило повеќе не важи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.