Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Објавил: Перо Милчин | 17 ноември, 2021 7:23

Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино „Фросина” во Младински културен центар.

На дневен ред се избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје, извештајот на Комисијата со верификација на мандатите на членовите и избор на претседател на Советот на Град Скопје.

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – пет, Левица – четири и по две советнички места имаат Алијанса за Албанците и Алтернатива, ЛДП/ДОМ и Зелен хуман град.

Советот има 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани