„За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН. СДСМ е единствена

Објавил: Мате Парлоф | 9 јуни, 2022 18:55

КОНФИСКАЦИЈАТА НА ШТАБОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ВЛЕГУВА ВО ПРАВЕН ЛАВИРИНТ

Фото/Текст извор: ©24 вести

Државата или ВМРО-ДПМНЕ ,кој ќе управува со зградата на опозициската партија, откако вчера во Кривичниот суд беше донесена првостепена пресуда со која се конфискуваат триесетина партиски штабови меѓу кои и највредното Централно здание во центарот на Скопје. 

Реакции стигнаа и од власта и од опозицијата. Од СДСМ побараа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и самата партија да се извинат и ги вратат парите. ВМРО-ДПМНЕ пак, обвинува дека пресудата за случајот Талир 2 е диктирана во СДСМ, од седиштето кое според нив е нелегално присвоено од Министерството за образование и наука.

„За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН. СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование. Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија.“ -изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Адвокатката Ружица Николовска во телефонски разговор за ТВ 24 вели, ќе чека да ја види одлуката, но ќе ги искористи сите правни можности, меѓу кои и жалба на пресудата. По вчерашното читање на пресудата, таа посочи дека е нејасно како се конфискува само зградата, а земјиштето останува на име на партијата. Од друга страна, обвинителот Љубомир Лапе тврди дека има можност да се конфискува само зградата, а не и земјиштето бидејќи тоа не било опфатено со кривичните дела. 

И додека се расчистуваат правните дилеми за тоа како ќе се одзема зградата, студентите преку соопштение со предлог, конфискуфаниот штаб на опозициската партија да се пренамени во студентски дом, идеја која ја дебатирале одамна, но за да ја соопштат, ја чекале пресудата.

На студентите им припаѓа луксузот во кој политичарите до сега незаслужено уживаа! Ова е шансата сите заложби дека на младите е иднината и дека државата се грижи за нас да се докажат како реалност! Ова е шанса да се исправи погрешното трошење на парите. Не ни требаат вашите кристални лустери и позлатени слики, ни требаат тоалети со врата која се затвора, тавани без мувла и ѕидови со изолација.“ – велат од Универзитетското студенстко собрание на УКИМ.

Пресудата доаѓа по 56 рочишта, а откако на почетокот на 2020 година, судењето почна од почеток. Во судот со свои искази се појавија 17 сведоци на обвинителството и 23 сведоци на одбраната, од кои седум се појавија како сведоци и на обвинителството и на одбраната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести