Концерт во Сули ан во 22 часот

Објавил: admin@magazin | 9 јули, 2018 9:49

Концерт на Младинскиот светски џез-оркестар на „Скопско лето“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Младинскиот светски џез-оркестар,  предводен од американскиот диригент Луис Бонила, вечер ќе гостува на „Скопско лето“ со концерт во Сули ан од 22 часот. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира концертот во соработка со Музичката младина на Македонија.

Тоа е прв интернационален младински џез-оркестар во светот составен од 18 млади професионални џез-музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја, појавувајќи се на престижни европски сцени и џез-фестивали.

Во рамки на нивната седма европска турнеја, овој месец тие музицираат на Балканот. Претставувајќи 12 земји, младите музичари ќе ги посетат Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија.

Младинскиот светски џез-оркестар е формиран во 2012 година од ЈМ Интернешнал – мрежа од невладини организации за музика за млади. Оркестарот работел со познати интернационални џез-артисти како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл. Има настапи на масовни концерти и џез-фестивали, вклучувајќи ги Монтро џез-фестивал, Џез-фестивалот Северно Море и Уникредит Павилјонот на Милано.

Луис Бонила роден  во 1965  е американски џез тромболист на латинскиот џез и афро-кубанскиот џез.
Бонила е од Костарика а пораснал во Калифорнија. Дипломирал на Калифорнискиот државен универзитет, Лос Анџелес со диплома а на Факултетот за музика Менхетн  магистрирал..

Диригентот Луис Бонила, кој го предводи мултинационалниот оркестар, е меѓународно признат тромбонист, композитор и едукатор од САД.

Бил член на џез-оркестарот Вангард, Афролатискиот џез-оркестар под водство на Артуро О’Фарил, Мингус биг бенд и во Брес фантазијата на Даглас.

Како член на оркестар, Бонила има работено со Меккој Тинер, Дизи Гилепси, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши, а во поп-музиката, пак, има снимено и бил на турнеја со многу ѕвезди, како Тони Бенет, Алехандро Санз, Дајана Рос, Марк Ентони, Ла Индија, Мери Џеј Блиџ и со Фил Колинс – на неговите турнеи во Европа и Латинска Америка.

Луис Бонила е и музички едукатор и работел на Универзитетот Темпл, Училиштето за музика Менхетн и Конзерваториумот Њу Ингланд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...