Голем музички концерт утревечер ќе се одржи во Битола, под отворено небо, на плоштадот „Гоце Делчев“

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 15:17

Концерт на „С.А.Р.С”, „THE PRODIGY live tribute band“ и „FUNK SHUI” утре во Битола

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На концертот ќе настапат бендовите „С.А.Р.С”, „THE PRODIGY live tribute band“ и „FUNK SHUI” кои најавуваат одлична забава за сите љубители на добрата музика и концерното расположение. Концертот ќе се одржи утревечер ќе се одржи во Битола, под отворено небо, на плоштадот „Гоце Делчев“, со почеток во 21.00 часот.

Концертот е дел од фестивалската програма на Битола отворен град 2018 година која ќе трае до 30-ти јуни.

За денеска на програмата е Младински предизвик и јавна дискусија, со почеток во 19 часот во салата за презентации во МКЦ – Битола, каде битолчани ќе имаат можност да поразговараат на темата „Што може Битола да научи од Нови Сад?“ Како гости се најавени дел од координативниот тим на OPENS 2019 – Европска Младинска Престолнина 2019.

Вчера, пак се реализираше програмата насловена „Учествуваме, застапуваме, менуваме“. Како дел од оваа програма се одржа работилницата на која беше претставен моделот на првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО и Општина Центар од Скопје наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Под менторство на Јадро, во Битола започна процес за обединување на иницијативите за обезбедување на простори за потребите на независната културна сцена, граѓанскиот сектор, уметниците и младинските работници и за развивање на модел за формирање на културно–општествен центар со свои локални специфики.

Во попладневните и вечерните часови беа претставени низа на Културни интервенции во јавен простор подготвени од членките на ЈАДРО: – Изложба на фотографии од проектот „Урбани уметнички акции“ реализиран од Центарот за современи уметности (ЦАЦ), Скопје; изложба на стрипови на млади неафирмирани автори со наслов „Во Македонија имало стрип автори“ во организација на Стрип центар на Македонија, Велес. – Промоција на изданија од едицијата „Лифт“, и едицијата на сликовници „Во пет кај вртелешките!“ од издавачката куќа „Темплум“. – Драмско читање на извадок од текстот „Против демократијата“ на авторот Естев – Слем вечер со „Поетри слем Македонија“ и проекција на филмот „In Danger and Dire Distress the Middle of the Roads Leads to Death” на германскиот режисер Alexander Kluge.

Сите настани на фестивалот „Битола отворен град” се одвиваат на отворено и без влезници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поп

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен!"

Четири славејчиња со песна за Влатко Илиевски- Со тебе пораснавме, а сега те нема!

Четири девојчиња од хорот  на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко...