петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Како што може да се заклучи од серијата овој вирус исто како и КОВИД-19 ги напаѓа белите дробови и за него не постои вакцина. Според она што може да се погледне вирусот наводно го развиле терористи и е дел од биолошка војна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 април, 2020 14:29

Корејска серија пред две години го предвидела Коронавирусот: Една епизода открива се!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk извор Нова Македонија

Веќе можевме да прочитаме во повеќе медиуми како епидемиолозите и експертите го споредуваат вирусот со претходните епидемии на вирусите МЕРС и САРС, па така и во оваа серија вирусот докторката го споредува вирусот со претходните епидемии , кои му припаѓаат на истото семејство.

Коментарите на оние кои што ја гледале серијата се дека всушност е застрашувачки предвидлива а од друга страна пак има и такви кои велат дека станува збор за случајно совпаѓање.

За разлика од измислениот коронавирус во „Мојот таен Териус“, стручњаците сметаат дека тој предизвикува смрт само во 2 отсто случаи. Она што го забележале гледачите е и податокот дека при крајот на секоја епизода ги учат децата како внимателно да ги мијат рацете.Серијата е снимена во Јужна Кореја и во Полска.

Инаку оваа серија деновиве стана многу популарна во Велика Британија, и е една од петте најгледани во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.