Епидемиолог од грчкото Министерство за здравство Соитирис Циодрас претстави нови податоци добиени од тим на невролози од целиот свет, според кои околу 15 проценти од пациентите кои развиваат сериозни симптоми може да имаат невролошко оштетување предизвикано од болеста Ковид-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2020 11:51

КОРОНАВИРУСОТ ВЛИЈАЕ И НА МОЗОКОТ: Грчки епидемиолог откри нови детали за вирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк извор Курир.рс

Новиот коронавирус предизвикува невролошко оштетување кај мал број пациенти кои развиваат потешка клиничка слика.

Епидемиолог од грчкото Министерство за здравство Соитирис Циодрас претстави нови податоци добиени од тим на невролози од целиот свет, според кои околу 15 проценти од пациентите кои развиваат сериозни симптоми може да имаат невролошко оштетување предизвикано од болеста Ковид-19.

„Покрај веќе познатите симптоми – треска, кашлање и отежнато дишење, одредени пациенти развиваат дисфункција на ментален капацитет, збунетост, летаргија, епилепсија, па дури и мозочен удар“, рече Циодорас.

Кога станува збор за КОВИД-19, лекарите сè уште се обидуваат да ја разберат целокупната слика за симптомите и сериозноста на болеста.

Како што објасни тој, вирусот се чини дека влијае на мозокот и нервниот систем кај дури 15 проценти од сериозно болни пациенти. Одамна е познато дека вирусот може да го зафати мозокот и да предизвика негово воспаление, а проблемите со недостаток на кислородот поради лошо дишење можат да влијаат на работата на мозокот.

Инаку пред неколку дена Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон открија нов симптом на коронавирусот, и тие заклучиле дека најочигледен симптом на инфекција со коронавирус е губење на чувството за мирис.

Според резултатите од една британска студија, губењето на способноста за препознавање мирис е забележано кај скоро 60 проценти од пациентите за кои подоцна се утврдило дека се позитивни за Ковид-19, а во само 18 проценти тестот за вирус бил негативен.

Добро внимавајте и на очите

Луѓето заразени со Ковид-19 се вели дека ја губат способноста да препознаат мириси.

Во исто време, според експертите од британското здружение за отоларингологија, овој симптом може да биде и индикација за инфекција со некој друг вид корона вирус од САРС-КоВ-2О.

Научниците советуваат дека треба да се посвети внимание и на очите. Американски експерти разјаснија дека иритацијата на очите и црвенилото можат да бидат знак на воспалителен процес во организмот предизвикан од коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...