Венко Филипче и Зоран Заев веројатно се сложуваат во едно нешто, а тоа е дека на власта не и одговараат масовни собири и протести пред изборите!

Објавил: Данаил Михајловски | 28 февруари, 2020 13:14

Коронавирусот повод за забрана на сите јавни собири. Дали е ова политички инструмент!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека на седница на Владата ќе достави предлог за откажување на сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот. Истовремено се откажаа и карневалите во Прилеп и Струмица, кои традиционално се одржуваат за празникот “Прочка“. Дали ова значи дека ќе бидат забранети и политички собири, протести и цела изборна кампања? Дали додавката “Северна“ ќе ја направи Македонија пред изборите да биде тивка и умртвена како Северна Кореја?

Владата на денешната седница ќе го разгледува предлогот на Министерот за здравство, Венко Филипче кој бара да се забранат сите големи јавни собири и спортски натпревари како превентива од ширење на коронавирусот.

Венко Филипче и Зоран Заев веројатно се сложуваат во едно нешто, а тоа е дека на власта не и одговараат масовни собири пред изборите. Каква ќе биде конечната одлука ќе дознаеме во текот на овој ден.

„Предлогот е да се забранат сите јавни собири каде има голема бројка на граѓани, без разлика дали се во затворен или отворен простор. Треба да се откажат сите големи јавни собири и спортски натпревари“ – брифира Филипче. И додека постои можност сите спортски настани од домашните првенства да бидат одложени, проблематичен е дуелот помеѓу Вардар и Монпелје во ракометната Лига на шампиони. Поради згуснатиот распоред, тешко е да се најде нов термин. Доколку Владата го прифати предлогот, веројатно во „Јане Сандански“ ќе се игра пред празни трибини.

Вчера, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашање дали и натаму ќе протестираат против владата, рече дека СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат корона вирусот за да ги спречат народните протести.

Најсреќни би биле, исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал – рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.