Од вкупно 286 тестирања регистрирани се нови 25 заразени со Ковид-19 вирусот

Објавил: Данаил Михајловски | 18 мај, 2020 15:03

Короната однесе три животи, а 25 нови се заразени

Фото/Текст извор: ©магазин

Заразата од Корона сеуште не стивнува. Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2 заразени. На Клиниката за инфективни болести починала пациентка  од Куманово (60г), хоспитализирана на клиниката од 27 април. Во ГОБ „8 септември“ починал пациент од Струга (59г), примен на 16 мај и уште еден пациент од Скопје (51г) хоспитализиран на 4 мај. Во моментов има 10 пациенти кои се во потешка здравствена состојба.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1817, бројката на оздравени пациенти е 1301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Заразата според општините е следнава:

  • Скопје – 628, активни 152
  • Куманово – 416, активни 31
  • Дебар – 51, активни 0
  • Штип-36, активни 2
  • Прилеп –200, активни 63
  • Тетово – 147, активни 79
  • Струга – 70, активни 4
  • Велес – 121, активни 50
  • Битола –27, активни 8
  • Охрид –21, активни 6
  • Гостивар –19, активни 2
  • Крива Паланка- 6, активни 2
  • Кочани – 31, активни 4
  • Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
  • Пехчево- 3, активни 1
  • Валандово -1, активни 1
  • Кратово-2, активни 1
  • Берово-1, активни 1

Направените 286 теста се преку: ИЈЗ –165, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода  -18 и МАНУ -100.  Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на Ковид -19, но напоменуваме дека на некои пациенти се вршени повеќе од едно тестирање. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 48 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 6 пациенти, со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...