Во соопштението ги наведуваат утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром и времиња на пристигнување, за кои апелираат граѓаните да ги контактираат авиокомпаниите.

Објавил: Перо Милчин | 15 март, 2020 10:47

КОРОНА ВИРУСОТ ГО ЗАТВОРИ АЕРОДРОМОТ ВО ОХРИД: 26 летови откажани- контактирајте ги компаниите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од ТАВ ја информираат јавноста дека согласно новите владини препораки против коронавирусот, се затвора аеродромот во Охрид, а сите авиокомпании ги известиле дека опција за пренасочување на летовите останува Меѓународниот Аеродром Скопје.

„ТАВ Македонија одлучи да го затвори Аеродромот во Охрид почнувајќи од полноќ – 15.3.2020 година, со цел да ги поддржи владините напори за спречување на ширење на корона вирусот.

Како аеродромски оператор, за оваа одлука ги известивме сите авиокомпании кои летаат од/до аеродромот Св. Апостол Павле и им го понудивме Меѓународниот аеродром Скопје како опција за пренасочување на нивните летови“,
соопштија од ТАВ.

Во соопштението ги наведуваат утрешните летови кои требаше да се реализираат од Охридскиот аеродром и времиња на пристигнување, за кои апелираат граѓаните да ги контактираат авиокомпаниите, објави 360 степени.

Виена – 7 часот и 50 минути -Визер
Цирих – 8 часот и 55 минути – Еделвајс
Малме – 17 часот и 35 минути – Визер
Базел – 18 часот и 30 минути – Визер

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани