Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.

Објавил: Перо Милчин | 8 март, 2020 14:00

КОРОНА ВИРУСОТ ЗЕДЕ ЗАМАВ: VIZZ AIR ги откажа летовите од Скопје и Oхрид за Милано до 3 април!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Визер објави дека рутите за Милано (MXP), Тревизо (TSF) и Бергамо (BGY) ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на коронавирусот.

Патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити.

Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење.

Ве молиме имајте во предвид дека авиокомпанијата може да ги информира само патниците кои нивната резервација ја направиле преку wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, стои во соопштението.

Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети. РУТИ SKP – MXP SKP – TSF OHD – MXP.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести