„НАТО останува во близок контакт со белгиските власти“, се вели во соопштението.

Објавил: Мартин Попоски | 9 март, 2020 16:05

КОРОНА СТИГНА И ВО СЕДИШТЕТО НА НАТО: Алијансата соопшти дека има ЗАРАЗЕН од вирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

НАТО денес објави дека член на нивниот персонал, кој работел во седиштето на Алијансата во Брисел, е позитивен за СОВИД-19.

Според изјавата, тој се вратил од одмор во северна Италија и бил болен кон крајот на минатата недела

НАТО денес објави дека член на нивниот персонал, кој работел во седиштето на Алијансата во Брисел, е позитивен за СОВИД-19.

Во изјавата се додава дека во рок од неколку минути од пристигнатите резултати и биле информирани сите негови колеги, се вели во соопштението, додавајќи дека НАТО продолжува да ја следи ситуацијата и ќе ги преземе сите неопходни мерки.

Во соопштението се вели дека НАТО веќе презела превентивни мерки во седиштето за да обезбеди безбедност на персоналот и на посетителите, засновано врз упатствата на СЗО за намалување на ризикот од натамошно ширење на инфекцијата.

Има привремена суспензија на патувањето за одредени членови на персоналот, мотиви за вработените да работат од дома и привремено прекинување на групните посети во седиштето на НАТО во Брисел.

„НАТО останува во близок контакт со белгиските власти“, се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.