149 лица починаа од вирусот корона, а вкупно 22.597 лица починаа од почетокот на пандемијата, според агенцијата ТАСС.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 октомври, 2020 13:58

КОРОНА УДИРА НА РУСИЈА БЕЗ МИЛОСТ: Повеќе од 13.634 нови случаи за еден ден, најмногу од почетокот на пандемијата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Русија се потврдени 13.634 нови случаи на коронавирус, што е најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата, беше објавено денес во Москва.

Вкупниот број на потврдени случаи достигна 1.298.718.

149 лица починаа од вирусот корона, а вкупно 22.597 лица починаа од почетокот на пандемијата, според агенцијата ТАСС.

4.240 пациенти се опоравиле од коронавирусот за 24 часа, а вкупниот број на опоравени е 1.020.442.

Русија е четврта во светот по бројот на потврдени случаи на коронавирус, по САД, Индија и Бразил.

Индиското Министерство за здравство денес објави дека во последните 24 часа се пријавени 74.383 нови случаи на коронавирусот. Бројот на заразени лица што починале се зголеми за 918.

Вирусот се шири со застрашувачка брзина во Индија откако властите почнаа со ублажување на рестриктивните мерки кон крајот на мај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.