На овие, седми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 политички партии, четири коалиции и еден независен кандидат.

Објавил: Перо Милчин | 6 октомври, 2019 9:44

КОСОВО ГЛАСА НА ВОНРЕДНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: Отворени сите избирачки места!

Фото/Текст извор: ©миа

Вонредните парламентарни избори во Косово започнаа утрово во седум часот, кога, според извештаите на акредитираните набљудувачи и на медиумите, без забележителни доцнења се отворија гласачките места во целата земја, јави дописникот на МИА од Приштина.

На овие, седми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 политички партии, четири коалиции и еден независен кандидат.

Гласањето се одвива во 895 гласачки центри со 2.547 гласачки места, кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
За 120 места во косовскиот Парламент се натпреваруваат 1.068 кандидати.
Право на глас, според конечниот список на гласачи што го објави Централната изборна комисија (ЦИК), имаат 1.937.868 лица, што е за околу 65 илјади повеќе во споредба со последниот изборен процес во земјата – локалните избори од 22 октомври 2017 година.

На овие, седми по ред повеќепартиски избори за пратеници во законодавниот дом на Република Косово, учествуваат 25 политички субјекти, од кои 20 политички партии, четири коалиции и еден независен кандидат.

За следење на изборната кампања и на процесот на гласање се акредитирани околу 33 илјади набљудувачи. Во оваа бројка влегуваат набљудувачите од редовите на учесниците на изборите во гласачките комисии, претставници на невладините организации, владини и меѓувладини организации, меѓународни специјализирани организации кои се занимаваат со избори и човекови права и слободи, претставници на други држави и медиумите.

Прва своето гласачко право го искористи претседателката на ЦИК Ваљдете Дака, која гласаше во 7.00 часот во Приштина.

Таа ги повика граѓаните да ја извршат својата обврска, а од партиите побара да придонесат за во светот да се пренесе позитивна слика за Косово.
Денешните парламентарни избори во Косово се одржуваат откако во јули годинава премиерот Рамуш Харадинај поднесе оставка на функцијата, а Собранието минатиот месец се самораспушти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...