Се проценува дека скоро два милиони Срби живеат во САД, иако официјалните податоци покажуваат дека се помалку.

Објавил: admin@magazin | 7 јуни, 2020 13:30

“КОСОВО Е СРБИЈА” НА СРЕД АМЕРИКА: Неверојатна фотографија од протестите во Чикаго, еве кој ја носи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фотографијата што ја гледате е направена во Чикаго, град со најмногу Срби.

Србите што живеат во Америка учествуваа во протестите што траеја во таа земја повеќе од една недела заради бруталноста на полицијата.

Тие излегоа на улиците со транспарент на кој пишуваше „Крај крај на расизмот. Косово е Србија“. Се проценува дека скоро два милиони Срби живеат во САД, иако официјалните податоци покажуваат дека се помалку.

Тие се претежно сконцентрирани во големите градови чии улици се во хаос заради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Потсетиме, масовните немири во Соединетите држави започнаа на 25 мај откако полицаец го уби Флојд.

Десетици илјади луѓе 12-ти ден по ред излегоа на улиците на многу американски градови на протести против полициска бруталност и расна нееднаквост.
Во главниот град Вашингтон се одржаа најголемите протести, кои го потресоа американскиот политички систем, од 25 мај кога црнецот Џорџ Флојд почина за време на апсење во Минеаполис, додека полицаец речиси 9 минути го притискаше со колено врз вратот.

Полиција, федерални агенти и воени возила затворија голем дел од центарот на Вашингтон за сообраќај во очекување на протестите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.