Косовската Влада на денот на албанското знаме, 28 ноември, пранира да ги трансформира Силите за безбедност на Косово во официјална армија на непризнаетата држава

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 8:46

Косово со сопствена армија до крајот на ноември

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, изјави дека оваа година со закон ќе биде формирана косовска армија, додавајќи дека тоа може да се случи до крајот на ноември.

Има три работи, кои ги очекуваме – визна либерализација, формирање на армија и членство во Интерпол. –  рече Лимај.

Косовската Влада на почетокот на месецот поднесе три законски проекти до Парламентот, поврзани со Силите за безбедност на Косово, од кои едниот се однесува на трансформацијата на лесно вооружените сили за безбедност во комплетена армија.

Косовскиот вицепремиер Лимај очекува законот да биде изгласан до крајот на ноември, што, пак, беше потврдено и од страна на пратеникот од владејачката Демократска партија Мергим Луштаку, кој како краен рок го кажа датумот 28 ноември, кога се слави Денот на албанското знаме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.