И косовската опозиција на протести против идејата на преседателот Хашим Тачи за размена на територии со Србија

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 10:58

Косовската опозиција најавува протести против Тачи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Косовските опозициски партии најавија дека заеднички ќе организираат протести со цел да го спречат претседателот Хашим Тачи да го води дијалогот со Србија и на преговарачка маса да го постави прашањето за промена на границите.

Движењето Самоопределување [ ВВ ] и Демократскиот сојуз на Косово [ ЛДК ] објавија дека се согласни заеднички да дејствуваат во Собранието за формирање на преговарачки тим кој ќе го добие легитимитетот на законодавниот дом.

ЛДК која е најголема опозициска партија ги гледа и протестите како опција за да се спречат настојувањата на Тачи за корекција на границата како и за водење на дијалогот со Белград.

Третата најголема опозициска партија Социјалдемократската партија на Косово [ ПСД ] и покрај тоа што не ја доби поддршката на ВВ и ЛДК за вонредна собраниска седница за дијалогот најави дека ќе ги поддржи протестите.

Последниве недели косовскиот претседател интензивно ја промовира идејата за корекција на границата со Србија со тоа што според неговата замисла на Косово би се припоила Прешевската Долина но на Србија не би и се дало никаков дел од косовската територија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести