Во несреќа загина заменик министерот за дијаспора на Косово Аријан Даци

Објавил: Узунов Бобан | 26 јануари, 2019 18:38

Косовски заменик министер загина во лавина

Фото/Текст извор: ©магазин

Заменик-министерот за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци загина во лавина кај Брезовица.

Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“, а како што пишуваат медиумите во Приштина, причина за немилиот настан е тоа што групата скијачи во која бил заменик министерот Даци се одлучила за екстремно скијање вон обележаните скијачки патеки.

Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести