Очигледно нема намера да се соочи со фактот дека го прекршил законот и наместо да се извини и да понесе одговорност, од забеганост решил да чепне по нешто, за мене свето!

Објавил: Владо Марин | 8 јуни, 2020 16:44

КОСТАДИНОВ: Го жалам Арсовски, го фатил патот од кој враќање назад нема- можам да те направам очаен!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Тешко и жално е кога монструмот ќе влезе во главата на човек, злото ти го зафаќа целиот памет, а потсвеста те тера да размислуваш само на едно, на лошотија.

Искрено го жалам на Димче, го фатил патот од кој враќање назад нема.

Очигледно нема намера да се соочи со фактот дека го прекршил законот и наместо да се извини и да понесе одговорност, од забеганост решил да чепне по нешто, за мене свето!

Гледам сте решиле да го кревате татко ми од гроб, да оцрнувате и да ширите лажни вести за човек кој веќе не е помеѓу нас.
И да навистина беше голем човек, еснаф, прашај ја девојка ти од Струмица, или нејзината фамилија за да ти каже дали татко ми покоен бил коцкар и колку тој, за кого од гроба го скориваш, им има помогнато на оние со кој дај боже утре треба и семејство да бидеш.

Веројатно ви пречи големината на татко ми која сеуште плени, за која сеуште се зборува и ќе се зборува, по добро, по убаво, по хумано, по чесно и чисто.

И тоа никако не можете да го уништите, да го оцрните најмалку да го одземете, колку и тоа да ве фрустрира.

Се радувам од една страна што ете, Димче од дпмне решил во полициски час, да земе дозвола за движење и да оди во Струмица, да се распрашува за мојата фамилија, за татко ми.
Се надевам од одговорите кои си ги добил се заклучил дека уште долго ќе губите избори.

Знам дека очекувањата на сите сега ќе бидат дека Костадинов ќе му врати, ќе му се освети.
Но нема да го направам тоа.

Прво ќе му простам на Димче, оти на човек треба да му се помогне кога му е тешко, особено во таква ситуација во која сега се наоѓа Димче.
Ќе му оставам време да се стабилизира, да си дојде при себе.

Секако ако тргнам да вадам што се имам за него и за луѓе многу блиски до него, може само уште толку да го направам по очаен, а не ми е таа намерата.

Оти не ме учеле мене така, нити мојата фамилија, ниту татко ми кој димче решил од гроб да го скорива, ниту верата моја Православна.

Уште еднаш Димче, од мене нека ти биде простено, од Бога сам ќе си ја побараш прошката.

Со почит Коста Костадинов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...