Заев наскоро ќе биде и градоначалник на Шуто Оризари, како и поглавар на МПЦ и ИВЗ!

Објавил: Мате Парлоф | 24 јуни, 2019 12:45

Костадинов: Еден Премиер, еден Поглавар, едно општество за сите!

Фото/Текст извор: ©магазин

Костадин Костадинов (Манулач), познат по борбата против непотизмот на неговата сопствена мајка, денес одржа прес конференција по повод предлогот што премиерот Заев го достави до Собранието т.е. тоа што самиот себе си се предложи за нов министер за финансии. Прес конференцијата ја пренесуваме во целост:

Почитувани граѓани, 

големите лидери, прават големи потези! Таков е и потегот на премиерот Заев кој се одважи, во овие битни времиња за нашата земја, целиот свој капацитет да го стави на располагање на државата. Премиерот Заев не беше во Берлин само за да го бетонира датумот за октомври, туку беше и за да ја побара поддршката од Фрау Меркел за да го води и министерството за финансии. Канцеларката Меркел му рекла “ја, натурлих бите“, ваков талент во континентална Европа одамна не сме виделе. Затоа сега, со кредитна поддршка на Германија, Заев ќе ги тера двете задачи, и премиер, и министер за финансии. И тоа не е се. Во следниов период, по барање на граѓаните се разбира, премиерот Заев ќе биде и градоначалник на општината Шуто Оризари, на местото на Курто Дудуш кој за брзо ќе си поднесе оставка. Истовремено, во тек се и консултации со градоначалникот Шилегов за директорското место во МКЦ, бидејќи до владата веќе стигна уште едно писмо потпишано од Златко Ориѓански, Џелал Хоџич, Џабир Дерала и Мирко Попов кои недвосмислено бараат Заев да биде и директор на МКЦ, како единствена достојна алтернатива на Бени Шаќири. И ќе биде. Заев е голем човек, не се штеди, плус има огромни познавања од културата преку карневалот во Струмица. И она што ќе биде следен чекор, со сесрдно залагање на Дедо Наум и на Мухамед Зеќири, е да се разговара за доброволно повлекување од функциите на Ариепископот Стефан и на Реизот Ефенди Сулејман Реџепи, на кои им е истечен мандатот, за да може Заев да ги превземе ресорите МПЦ и ИВЗ и тој потег да биде круна на проектот “Еден Поглавар, еден Премиер, едно општество за сите“. Само така ќе блескаме и ќе влеземе во Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...