Одлуката за распуштањето, пратениците ја поздравија со ракоплескање, а претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, се заблагодари за довербата на пратениците и работата на Собранието.

Објавил: Владо Марин | 16 февруари, 2020 17:33

Костадинов провоцира: Јас, колегите и професорот Мухиќ ги победивме бандитите од ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Јас и професор Ферид Мухиќ заедно со уште 78 колеги ги победивме бандитите во вмро дпмне, пишува пратеникот Костадин Костадинов.

“Северна” Македонија мора да биде правна држава, во која ќе владее правото.
Само така ќе обезбедиме сигурна иднина за оваа и за идните генерации, пишува Костадинов.

Ова е само мал поздрав до бандитите во белата палата, оти тастатурите ги искршија од пишување за мене, па еве да не им биде залудно, заклучи Костадинов.

Потоа во друг Фејсбук статус напиша:

Напишавме историја!
Во име и за добробит на граѓаните ги донесовме најтешките одлуки.
Во ниту еден момент сум немал дилеми дека го правиме најдоброто за државата.

Да се биде пратеник од СДСМ е чест но и голема одговорност.
Струмичани, се надевам дека во ниту еден момент не ве изневерив.

Благодарам за поддршката која ми дававте и ми ја давате.
Секогаш ваш.
Се гледаме за брзо 😉
Ве сакам, пишува Костадинов. ❤️

Со 108 гласа „за“, без против или воздржани денеска Собранието се распушти, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат според договореното на 12 април.

Одлуката, пратениците ја поздравија со аплауз, а претседателот, Талат Џафери се заблагодари за довербата на пратениците и работата на Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика