Сведокот Сашко Коцевски, вработен во Собранието и задолжен за електронскиот систем во денешната изјава откри дека во Собранието при изборот на Џафери немало 61 пратеник

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 13:58

Коцевски сведочи: Џафери е изгласан со 60 пратеници!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Џафери беше избран со 60 и не со 61 глас? Коцевски во судница е убеден дека Ахмети, Маноиловски и пратениците на БЕСА не гласале.

На денешното рочиште за собраниските настани од 27 април, минатата година, сведочеше Сашко Коцевски, вработен во Собранието а задолжен за електронските систем.

Како прв сведок, Коцески под заклетва сведочеше за моментот на изгласување на сегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.

Тој во мометот како вработен во техничките служби се наоѓал во собраниската режија и со колегите ги следеле камерите во пленарната сала.

За време на гласањето со колегите заклучиле дека Али Ахмети и Бранко Маноиловски од ДУИ не биле во салата во моментот на гласање. Исто така според сведокот, пратениците на БЕСА претходно излегле од салата.

Со ова сведоштво дадено под заклетва пред судот, повторно се отвора прашањето за легитимноста на изборот и за тоа со колку гласови бил избран Талат Џафери: Дали бил избран со 60 а не со 61 глас, ако се земе во предвид дека според ова сведоштво во салата гласале 49 пратеници на СДСМ, 8 на ДУИ и 3 пратеници од Алијанса на Албанците.

Денеска покрај Коцевски, ќе сведочат и пратеникот Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести