Кочо Анѓушев повторно со ветувања за работнците од Еурокомпозит

Објавил: Узунов Бобан | 30 март, 2019 20:11

Кочо Анѓушев по којзнае кој пат најде решение за прилепски Еурокомпозит !

Фото/Текст извор: ©магазин

Конечно е најдено решение за „Еурокомпозит“ на што работевме долго време, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев кој денеска при престојот во Прилеп се сретна со работниците, прогласени технолошки вишок, од компанијата „Еурокомпозит“. 

Седиштето на компанијата 11 Октомври-Еурокомпозит е во Прилеп. Фирмата е основана во 1952 година како фабрика за производство на електро-изолациски материјали. Во 1971 година компанијата стана составен дел од Енергоинвест-Сараево/Поранешна Југославија и името на компанијата е изменета на Енергоинвест-11 Октомври. Од 1978 година, компанијата Енергоинвест-11 Октомври беше најавена како компанија од големо значење за националната одбрана на земјата со основна дејност производство на производи за специјална намена, како што е воена и полициска опрема и дополнителна дејност производство на термо реактивни прес маси.

– Лошата ситуација во „Еурокомпозит“ трае 20-ина години. Интензивно работевме за изнаоѓање на решение. Компанијата е со блокирана сметка седум години и не беше лесно. Имаме две можни решенија. Едното е „Еурокомпозит“ да биде саниран во постојниот формат доколку некои договори се случат. Ако тоа не се случи за 10 дена, иако очекуваме резултати, тогаш второто решение е, како за Фени, и моделот да го примениме во овој случај. По 45 дена доколку уште е со блокирана сметка, да отиде во стечај, но со реструктуирање. Најден е инвестиор, кој ќе ја санира состојбата, во најголем дел ќе се погрижи за вработените, да ги обештети, но истовремено фабриката да продолжи да работи, рече Заев. 

Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во прилепскиот загубар Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат-изјава на  вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од 5 март 2018 година. Оттогаш е помината повеќе од една година, а Кочо Анѓушев самиот себе си поставува нови рокови за решавање на ова животно прашање за работниците од Еурокомпозит-Прилеп.

Според Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок, тие повторно за 15-ина дена ќе имаат средба со Анѓушев, но бараат покрај отпремнините да ги добијат во целост и неплатените придонеси за околу 6 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.