Коѕијас праша зошто треба да се чека до март за ратификација, Каракачанов го откри ветото против македонскиот јазик, што згреши Димитров, освен што ги спроведува двата договори

Објавил: Мартин Попоски | 6 ноември, 2018 13:40

Коѕијас во Грција, Каракачанов во Софија, кој прв ќе “падне” во Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Надворешната политика на Заев, Димитров и Османи веќе ги зема првите жртви од штетните договори кои ги потпишаа со источниот и јужниот сосед на Македонија, кој е следен на домашен терен.

Имено отказот но не и толку излитената промовирана оставка на поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, беше прва во низата. 

Целосно се должеше на Преспанскиот договор, иако во основа Коѕијас и најмногу вложи во него, и труд и пари од црните фондови на Грција. 

Сумата од 50 милиони долари од кои во 80 отсто се потрошени за “логистичка” поддршка на Преспанскиот договор на домашен терен, во Македонија но и од Албанија не му пресудија на Коѕијас.

Него му пресуди правната нелогичност кога запраша зошто ако Заев заврши со уставните измени до крајот на јануари следната година, ќе треба да се чека три месеци на домашен терен (во Грција) да се ратификува договорот.

Коѕијас очигледно навлезе во сивата зона на Ципрас и Заев, кои имаат нон пејпер за забелешки кои официјално ќе ни ги достави Грција откако Преспанскиот договор со целосната имплементација на уставните амандмани – измени ќе бидат изгласани.

Во Бугарија се ниша министерската фотелја на министерот за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов. Борисов неколку пати ги истолерирал неговите испади што тоа Бугарија планира да спори во однос на Договорот со Македонија, но импулсивноста на Каракачанов ни најави дека со Македонски јазик и писмо, официјална Софија става вето и во НАТО и во ЕУ.

Комисијата за ревизија на историјата полека ќе стигне и до тој “историски имагинарен факт”.

Борисов како опомена ја откри јавната тајна која владее веќе 10 години, распродажба на бугарски државјанства и пасоши на Македонски граѓани за ефтини пари. Што во основа е проект за бугаризација на етникумот кој во Македонија го нема.

Со тој проект, во Македонија добиваме најмалку 100.000 до 150.000 граѓани кои имаат и бугарско државјанство со што стануваат втора етничка заедница по големина по Албанската.

Во Македонија Османи е опоменат. Повеќе партиски за претензиите за претседателското место во политичкото крило на ОНА познато и како ДУИ.

Останува Никола Димитров.

На крајот и почетокот од денот, сепак и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија врз себе ги имаат потписите на актуелниот шеф на Македонската дипломатија. Иако оној со Софија за волја на вистината го потпиша Заев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.