Во интервју за МИА Никос Коѕијас открива како течеле преговорите и како се граделе ставовите на двете страни

Објавил: Узунов Бобан | 30 декември, 2018 16:11

Коѕијас: Заев преговараше за името и од опозиција

Фото/Текст извор: ©миа.мк / магазин

Интервјуто на Коѕијас открива неколку работи кои покажуваат како се разводнувала преговарачката позиција на Македонија. Имено поранешниот министер за надворешни работи на Грција споменува дека своевремено Груевски не бил спремен да преговара, додека Заев тоа го правел дури и кога и бил во опозиција, а за преговорала и албанската страна во земјава. Оттука се поставува дилемата, од каде бил легитимитетот на опозиционерот Заев и албанската страна да преговараат за името или пак тоа биле главните подготовки за она што се случуваше во Македонија изминативе години.  

Во интервјуто за МИА Коѕијас открива дека Димитров е министер за надворешни работи на Северна Македонија и дека тоа е добар и тежок компромис. 

Не гледам посоодветен предлог за решавање на спорот од Република Илинденска Македонија-Изјава на Никола Димитров од 21 мај 2018

Во преговорите имавме две тешкотии. Првата беше пред владата на Заев и на Димитров. Тоа беше периодот кога Попоски сакаше да разговара, секако во негови рамки, но Груевски не сакаше. Тоа беше период во кој бев отворен, разговарав, како што правам и сега и со албанската страна во ПЈРМ и со опозицијата што тогаш беше Заев и морам да ви кажам дека тоа, бесмислено, ѝ пречеше на тогашната американска администрација, и сакаа да ме убедат да не разговарам со сите во вашата земја, туку само со министерот за надворешни работи и ги тргнав на страна. Мислам дека ова им пречеше тогаш, но ова не ме интересира. Јас сум длабоко убеден дека едни преговори треба да се водат директно меѓу две држави и колку повеќе страни се плеткаат, толку потешко станува, другите што се мешаат имаат други критериуми, други размислувања, други цели. Според тоа, една тешкотија беше да ги оставиме на страна другите за да не се мешаат.

Втора тешкотија беше, мислам на почетокот, кога другата страна, Северна Македонија, не беше сигурна дека она што го кажувам го мислам, односно дали навистина сакам да стигнам до крај, да направам компромис, бидејќи постоеше чувство дека ако започне со компромиси и јас ги оставам на цедило, ќе се најде во тешка позиција. Логично е ова, но тоа немаше врска со моите намери.

Третата тешкотија беше кога требаше веќе да стигнеме до компромис, доста конкретно. Мислам дека, не од моја страна, туку мислам дека од другата страна постоеше одново размислување и премислување и тогаш и јас размислував дали ќе успееме или не, но требаше да успееме.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.