Решено е и прашањето на Уставот

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 11:04

Коѕијас: Заев прифати Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Во интервју за ТВ каналот Контра, за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го коментираше телефонскиот разговор Заев- Ципрас. Додека Заев на гостувањето на Топ Тема не даде никакви подетални информации, Коѕијас триумфалистички со јавен настап го проследи долго очекуваниот разговор помеѓу двајцата премиери. Имено Коѕијас изјавил дека Заев го прифатил името Северна Македонија, а решено е и прашањето на Уставот и тоа како што тој вели на иницијатива на Скопје.

“Денешниот беше одлучувачки чекор”, рече Никос Коѕијас, осврнувајќи се на телефонската комуникација меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев. “Ако преговорите завршат утре, разговорот за името ќе биде завршен”, рече тој, зборувајќи за денешниот разговор на двајцата премиерио. “Тој го избра она што го сака, тој веќе го направи тоа”, мислејќи на Заев.

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас откри дека името Северна Македонија е избрано лично од премиерот Заев, а од предлозите на Нимиц, името Вардарска Македонија било одбиено од Македонија, а Македонија (Скопје) и Илинденска Македонија било одбиено од грчката страна. На масата биле Горна Македонија, Нова Македонија и Северна Македонија, а Заев го одбрал името Северна Македонија.

Коѕијас во интервјуте говореше и за промена на македонскиот Устав како и името на МПЦ.

Го решивме уставниот проблем и возбуден сум што проблемот е решен со иницијатива на Скопје, Мислам дека Црквата ќе биде наречена Охридска Архиепископија, историско име што оваа вековна црква го носи со векови”, вели Коѕијас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.