Коѕијас сонува за посета на Северна, Ципрас се бори за обезбеди мнозинство за ратификација, Каменос најавува оставки а Мицотакис обезбедува услови за нови избори

Објавил: Мартин Попоски | 3 јануари, 2019 13:14

Коѕијас не умира без да ја види Северна, Мицотакис убеден дека Праспанскиот ќе падне

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Трагикомични изјави на политичари во Грција пред претстојното гласање на уставните измени во Македонија и можната ратификација на Преспанскиот во грчкиот парламент.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, со “прозно” излагање.

За пријателството меѓу двата народи, за позитивните ефекти во двете земји што Договорот од Преспа ќе ги донесе, откако ќе стане секојдневие за граѓаните и од двете страни на границата. – говори поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Иднината му припаѓа на нашето пријателство е пораката што Коѕијас ја испраќа притоа изразува убеденост дека најпријателските односи меѓу државите во цела Европа ќе бидат меѓу Северна Македонија и Грција.

Мислам дека нема да умрам, без повторно да отидам во вашата земја. Освен тоа, имам право на тоа. Мислам дека е убава вашата земја.

Морам да ви кажам дека Скопје ми се допадна повеќе со снег. Мислам дека кога ќе поминат 2 – 3 години и кога сите ќе видат дека животот само кон позитивно се менува со овој договор и дека ниту ние го земаме Скопје од вас, ниту вие Солун од нас и сите тие глупости што се зборуваат, тогаш мислам дека ќе бидам еден насмеан минувач низ улиците на Скопје. Ако бев помлад и имав пари, ќе купев еден голем плац во Преспа за да изградам куќа таму. – истакна Коѕијас.

Портпаролката на Нова демократија и европратеничка, Мариа Спираки, во интервју за грчкото радио „Њуз247“, уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа ниту во овој, ниту во следниот парламент.

Мислам дека не постои нешто друго околу ова прашање. Ова им го имаме кажано на сите наши соговорници и во и надвор од Грција, го имаме кажано со истиот речник, го имаме кажано на сите јазици. Нова демократија нема да го ратификува договорот, ниту во актуелниот ниту во следниот парламент, каде што ќе имаме мнозинство. – вели Спираки.

Во однос на најавите на коалициониот партнер во владата и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, дека ќе се повлече од владата кога договорот ќе дојде во грчкиот Парламент, Спираки вели дека тоа ќе создаде нова ситуација и Ципрас ќе мора да побара доверба од парламентот.

Повлекувањето на господниот Каменос и неговите министри од владата, неопходно е да го одведе господниот Ципрас во парламентот за да побара ново мнозинство. Во спротивно, за нас нема никаков легитимитет. – вели портпаролката на Нова демократија.

За можноста Нова демократија да достави иницијатива за гласање недоверба на владата, Спираки уште еднаш повтори дека „сите парламентарни оружја се на маса“, а кое ќе го искористат „е одлука на претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.