Шефот на грчката дипломатија и потписник на Преспанскиот договор, Коѕијас, си поднесе оставка, се очекува ова да предизвика пад на владата на Ципрас за скоро

Објавил: Мартин Попоски | 17 октомври, 2018 15:09

Коѕијас поднесе оставка, на ред е Ципрас

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, поднесе оставка еден ден по тензичниот состанок во кој се судри со министерот за одбрана, Панос Каменос, поради договорот од Преспа, објави „Катимерини“.

Ова прва оставка на министер во владите на Заев и Ципрас кои го составија Преспанскиот договор, а воедно и потписник на истиот.

Извори за грчкиот весник „Катимерини“ тврдат дека Коѕијас бил незадоволен поради тоа што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал во нападите против него упатени од Каменос, кој е исто така коалициски партнер.

Според истите извори, за време на состанокот што бил одржан вчера Каменос го обвинил Коѕијас за лошо менаџирање на одредени тајни фондови во Министерството и дека бил човек на американскиот билионер Џорџ Сорос.

Помошници блиски до министерот за надворешни работи рекле дека тој бил „длабоко навреден“ од наводите.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и му се заблагодари за неговиот придонес во Владата и за земјата во изминатите 3,5 години, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

Раководењето со Министерството за надворешни работи ќе го преземе премиерот на Грција „за да помогне со сите сили за успешно завршување на Договорот од Преспа“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.