Елизабета и претседателот Стево се во брак 20 години и заедно имаат едно дете – синот Огнен. Во своите заеднички интервјуа секогаш изјавуваат дека семејството им е најважно.

Објавил: admin@magazin | 6 мај, 2019 15:59

Која е Елизабета Пендаровска новата прва дама на Република Македонија?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По вчерашната победа на претседателските избори, Стево Пендаровски застанува на чело на нашата држава а со тоа неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска влегува во улогата на Прва дама на Република Македонија.

Проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, денеска го прославува својот 47. роденден. Таа е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Елизабета и претседателот Стево се во брак 20 години и заедно имаат едно дете – синот Огнен. Во своите заеднички интервјуа секогаш изјавуваат дека семејството им е најважно.

„Кај мене девизата е дека кога си решил да бидеш во фамилија со некого, претходно можеш да правиш што сакаш, ама ова е сериозна одлука со кого сакаш да го поминеш остатокот од животот. Кај мене навистина важи паролата – Еден живот, една жена, една љубов“ – изјави Пендаровски во неодамнешно интервју.

Таа е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

„Ви се обраќам денес затоа што чувствувам потреба да го доловам Стево. Не како строго лице од ТВ екраните, туку како човек, пожртвуван, благороден, необично духовит и прекрасен татко. Стево го запознав кратко пред да ми се случи најстрашниот момент во мојот живот – загубата на мојата помала сестра. Тогаш, неговата поддршка и часови и часови поминати во разговори ми помогнаа да прифатам некако да живеам со тој факт на неповратна загуба како дел од животот. Но ми се чини дека маката тогаш направи да видиме многу побрзо една важна работа, а тоа е дека треба да продолжиме заедно. Особено затоа што обајцата потекнуваме од скромни семејства, каде што добрината, човечноста и трудољубивоста се поважни од сè. Кога за 10-годишнината од бракот повеќето жени добиваат скапоцени подароци, јас од него добив текст.

Текст кој не би го менувала за сите богатства на овој свет. Насловот е 10-ка во срце и едно од карти. 10-ка за десетте години заеднички живот, а едното од карти за она прекрасно суштество во публиката кое не може да заспие додека со најдобриот татичко на светот не прочитаат една епизода од нивните омилени стрипови. Стево отсекогаш ме поддржувал во мојата работа. Секое мое отсуство и враќање го засилува чувството дека најсреќна сум кога сум тука дома. Јас најдобро знам дека сакам и Огнен кога ќе порасне да остане покрај нас, дека заслужува иднина како и сите наши деца, тука во Македонија“ – вели Елизабета во свој говор од претходната претседателска кампања на Стево.

Пендаровски е дипломиран правник на Правниот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (1983–1987). Магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) при истиот универзитет на тема „Новата геополитика на Република Македонија: Контрадикциите на комунистичките и транзициони матрици“. Докторирал на тема „Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и малите држави: Рамката на националниот дискурс“. Од 2008 година навака, е професор доктор од областите на меѓународната безбедност, глобализацијата, светската политика и САД, меѓународните организации и институции, надворешната политика и тероризмот.

Кој е Стево Пендаровски новиот претседател на Република Македонија?

Toj e доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација на факултетот за политички науки на универзитетот Американ Колеџ во Скопје и кандидат за претседател на Македонија на претседателските избори во 2014.

Тој повторно бил избран за кандидат за претседател од страна на СДСМ и коалиционите партнери за претседателските избори во 2019 каде што победил и во двата изборни круга пред своите против кандидати Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река и со тоа станал нов претседател на Македонија. По завршувањето на високотo образование, е назначен за раководител на одделот аналитика во Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај тоа, три години паралелно е портпарол (заменик-министер за односи со јавност) во МВР.
Од 2001 е назначен за шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски. Во 2004 и 2005 година е шеф на Државната изборната комисија (ДИК).
Неговите истражувачки области вклучуваат меѓународни односи, разузнавање и национална безбедност, геополитика, глобализацијата, надворешната политика на САД, надворешна и безбедносна политика на ЕУ, малите држави во меѓународните односи.

[ngg src=”galleries” ids=”26″ display=”thumbnail”]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Стил

Градот Скопје посветено работи на обезбедување на функционална животна средина за граѓаните во Скопје, која ќе подразбира квалитетна инфраструктура со доволно зеленило, со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности.

ГРАД СКОПЈЕ УРЕДУВА УШТЕ ЕДЕН НОВ ЗЕЛЕН СКВЕР ВО АЕРОДРОМ

Денеска започнува уредувањето на последната од вкупно 4 локации кои се дел од иницијативата...

Доколку останете без идеи за стајлинг, секогаш внимавајте на комбинациите на Брижит Макрон. Никогаш не греши.

Брижит Макрон знае како да ги воодушеви модните критичари: Во овој стајлинг секоја жена изгледа барем 5 кг послаба(ФОТО)

Првата дама на Франција, Брижит Макрон и нејзиниот сопруг Емануел го посетија центарот...

Моделот што го носеше убавата струмичанка се истакнува со еден ефектен детаљ – прерамка само на едно раме, а токму тоа важи за водечки тренд и ова лето.

Ќерката на Зоран Заев со овој модел на кocтим за капење ги сpyши СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – еве зошто го обожаваат сите!

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева покажа пред своите верни следбеници...