Пропагандата на власта за претстојниот Референдум први на мета ги има социјалните мрежи во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 9:59

Кој ги бојкотира #Бојкотирам?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од социјалната мрежа Фејсбук од вчера се избришани стотици пораки со критики за владата повици за бојкот и за штетноста на договорот со Грција кои што ги напишале членови на интернет движењето #бојкотирам

Активисти на #бојкотирам обвинуваат дека пораките се бришат од страна на социјалната мрежа на Марк Закерберг откако нив ги пријавуваат луѓе координирани и платени од македонските власти.

Тие тврдат дека власта се плаши од масовноста и со бришење на постови да ја намали политичката штета.

Нивните сомнежи упатуваат на координирана акција на повеќе активисти кои по налог на луѓе од владиниот тим за комуникации и медиуми ја пријавуваат содржината на постовите со кои се повикува на бојкот како говор на омраза по што Фејсбук ги брише постовите.

Во Германија Фејсбук има вработено стотици луѓе кои што ги проверуваат спорните пријавени постови. Доколку пријавата [ report ] е неточна Фејсбук го враќа постот но за Македонија нема прецизна информација за процедурата со пријавените постови особено кога се работи за политичка позадина како во овие случаи со #бојкотирам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...