Оваа власт не е способна да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2019 16:07

Кој ги штити криминалните банди во Македонија ?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

СДСМ и Спасовски го претворија МВР во партиска испостава која по потреба ги заштитува криминалците соопштија од ВМРО ДПМНЕ.

Оливер Спасовски молчи и се крие зад партиски соопштенија затоа што нема одговор на прашањето дали во Скопје секој ден се случуваат разбојништва и зошто МВР крие колку од разбојништвата се расчистуваат?

Кој ги штити криминалните банди?
Паниката кај граѓаните е резултат на неспособноста и неработењето на Министерството за внатрешни работи и Министерот Оливер Спасовски. Насилството и хаосот на улиците е секојдневие за граѓаните. И по повеќе од една година се уште не се расветлени неколку убиства. Палење на автомобили има речиси секоја ноќ. Билтените на МВР се преполни со извештаи за грабежи на локали, бензиски, маркети, обложувалници и казина.

Криминалците ги преземаат улиците. Нема ден да не е извршено разбојништво. Полицијата не успева да расчисти со криминалот.
Министерот Оливер Спасовски треба да се ангажира за безбедноста на граѓаните, а не да тера партиска кампања за претседател.

Оваа власт го претвори МВР во партиска испостава која по потреба ги заштитува криминалците.
Оваа власт не е способна да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине.

ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...