Поранешниот министер за земјоделство обвинет е за злоупотреба на службената положба и овластување

Објавил: Узунов Бобан | 2 февруари, 2019 8:12

Кој е Ацо Спасеновски, министерот кој доби притвор ?

Фото/Текст извор: ©biznisvesti.mk/магазин

Ацо Спасеноски е поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, роден на 31 март 1969 во Кичево. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Скопје во 1994 година, на отстекот за сточарство. По дипломирањето до 1996 година поседувал сопствена млекарница. Работел во компании и на повеќе проекти како консултатнт за фармерство и земјоделие, а од 2002 година е директор на претпријатието Гаранти Фонд. 

Во Собранието денеска закажана е седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања на која точка на дневен ред е одземање на имунитетот на пратеникот Љупчo Димовски. Доколку му биде одземен, каква мерка за обезбедување на присуство ќе донесе останува на судот

Спасеноски од 2001 година е претседател на НВО Центар за потикнување на развојот на мали и средни претпријатија. Во неговата биографија се наведува дека има изготвено над 280 бизнис планови, проекти, студии и спроведено семинари за потребите на Владата на РМ, меѓународни банки и за организации од сферата на земјоделството и воопшто од стопанството. Посетувал десетина обуки од странски и меѓународни експерти од областа на финансиска анализа на пазарот и работење на претпријатија Спасеноски е оженет и татко на три деца. Зборува албански и англиски јазик. Во 2010 бил избран за дипломатски претставник на Македонија во Украина.

Ацо Спасеноски бил и неизвршен член на „Константиновски плант оф металурџикал еквипмент“ (АД „Сардич“).

Тој станал неизвршен член само неколку месеци откако заминал од амбасадорското место во Киев, а инаку е член на Социјалистичката партија.

Инаку вчера триесетдневен притвор добија поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и заменик министерот Христијан Делев, додека на поранешниот министер Ацо Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести